Кина со нов закон ќе ги заштити своите компании од странски санкции

Парламентот на земјата расправаше за предлог-законот за спротивставување на странските санкции, соопшти државната телевизија, без да наведе повеќе детали.

Кина планира да воведе нов закон за заштита на своите компании од странски санкции, објавија денеска кинеските медиуми.

Парламентот на земјата расправаше за предлог-законот за спротивставување на странските санкции, соопшти државната телевизија, без да наведе повеќе детали.

Минатата недела, Пекинг ги обвини САД за „потиснување” на кинески компании, и издаде тајни закани за одмазда откако американскиот претседател Џо Бајден ја прошири својата црна листа на компании, во кои Американците не можат да инвестираат.

Списокот со 59 кинески компании, кои од 2 август не смеат да имаат американски инвестиции, вклучува главни телекомуникациски гиганти како што се China Mobile, CCTV Hikvision, China Railway Construction Corp. и China National Offshore Oil Corporation (CNOOC).

Новиот закон се очекува да биде усвоен следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот