Кина ги проширува своите шпионски активности против Берлин?

Кина Хонг Конг фото; EPA-EFE/JEROME FAVRE

Шефот на германската контраразузнавачка служба стравува дека Кина ги проширува своите шпионски активности против Берлин.

-Кина развива широки активности за шпионажа и влијание. Мораме да бидеме подготвени дека тие ќе се зголемат во наредните години, во интервју за Велт ам Зонтаг изјави Томас Халденванг, шеф на германската Канцеларија за заштита на уставот (СЗК).

Тој предупреди дека економската зависност од Кина може да се искористи за да се изврши политичко влијание.

– Кина следи долгорочна стратегија за да ги постигне своите цели, рече Халденванг, и додаде – Политичкото раководство веќе ја користи својата економска моќ, која е и резултат на интензивните односи со германската и европската економија, за да ги реализира политичките цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот