Кина ги повика САД да ја поддржат политиката на една Кина и мирно обединување со Тајван

Кина и САД знаме / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска за време на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Бангкок го повика Вашингтон да ја поддржи политиката на една Кина и мирно обединување со Тајван.

Шефот на кинеската дипломатија за време на средбата истакна дека тајванското прашање е внатрешно прашање на Кина и дека неодамнешните избори во Тајван „не можат да го променат фактот дека Тајван е дел од Кина“.

– САД треба строго да се придржуваат до принципот на една Кина, да не ја поддржуваат независноста на Тајван и да го поддржуваат мирното обединување на Кина – рече Ванг, цитиран од кинеското Министерство за надворешни работи.

Според Ванг, евентуалното прогласување независност на Тајван би било најголемиот предизвик за кинеско-американските односи, како и најголем ризик за мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец.

Шефот на кинеската дипломатија истакна дека САД и Кина треба да се однесуваат едни со други како еднакви и да не се гледаат со презир, да бараат основа за соработка наместо да ги истакнуваат разликите и искрено да се почитуваат меѓусебно и да не им наштетуваат на основните интереси.

Ванг и Саливан разговараа и за прашањата на Блискиот Исток, Украина, Корејскиот Полуостров и Јужното Кинеско Море.

Тие се согласија соодветно да ги решат важните и чувствителни прашања во односите меѓу САД и Кина, соопшти кинеското МНР.

Што се однесува до односите меѓу претседателите Си Џинпинг и Џозеф Бајден, соговорниците се согласија дека лидерите на САД и Кина „ќе одржуваат редовни контакти за да обезбедат стратешки насоки за билатералните односи… и добро ќе ги користат тековните стратешки канали на комуникација“, соопшти кинеското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот