Кина бара од САД „порационално“ да ги разгледуваат постојните меѓусебни разлики

Сад и Кина / Фото: Профимедиа

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, за време на посетата на американските сенатори на Кина, повика Вашингтон „порационално да ги разгледа“ меѓусебните разлики.

-Се надеваме дека оваа посета ќе им помогне на САД подобро да ја разберат Кина, пообјективно да гледаат на кинеско-американските односи и порационално да ги разгледаат постојните разлики, рече Ји за време на состанокот со американската делегација сенатори предводена од демократскиот сенатор Чак Шумер, шеф на демократското мнозинство во американскиот Сенат.

Кина и САД не се согласуваат за неколку прашања, а во последниве месеци се обидуваат да се вратат на дијалогот. Не е исклучена и можноста во серијата посети на високи американски претставници на Пекинг, да се одржи средба меѓу кинескиот и американскиот претседател Си Џинпинг и Џо Бајден.

„Треба да управуваме со нашите односи на одговорен начин“, рече Чак Шумер и нагласи дека САД „не сакаат конфликт“. Меѓутоа, тој нагласи дека „природно е двете големи сили да се натпреваруваат една со друга во области како што се трговијата, технологијата и дипломатијата меѓу другите“.

Шумер рече дека главната цел е да се постигнат „еднакви услови за конкуренција за американските компании и работници“.

Друга цел, рече Шумер, е да се повикаат на одговорност компаниите со седиште во Кина „што САД ја снабдуваат со смртоносни хемиски производи и ја поттикнуваат кризата со фентанил“, како и да се осигура дека Пекинг не ја поддржува „руската неморална војна против Украина“.

Уште еден приоритет, додаде Шумер, е унапредувањето на човековите права.

Односите меѓу двете земји остануваат напнати, а меѓу спорните прашања се трговските спорови, кинеската експанзија во Јужното Кинеско Море и прашањето на Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот