Ким истрела понапреден и побрз тип на проектил- Стопиран дел од авиосообраќајот на дел од американскиот западен брег

северна кореја проектил EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Северна Кореја денеска тестираше балистичка ракета, која може да изгледа дека е понапредна од хиперсоничната ракета што ја лансираше пред помалку од една недела, соопшти јужнокорејската армија .
Според истиот извор проектилот поминал повеќе од 700 километри

САД и Јапонија ги осудија најновите севернокорејски ракетни тестирања. Медиумите потсетуваат на новогодишното ветување на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека за оваа година планира да ја зајакне војската со најсовремена технологија, во услови на немање напредок во преговорите со Јужна Кореја. и САД.

северна кореја проектил Ким Јонг Ун EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Првичните проценки покажуваат дека проектилот поминал повеќе од 700 километри до максимална височина од 60 километри со брзина до десет пати поголема од брзината на звукот (12.348 км/ч), се наведува во соопштението на војската на Јужна Кореја.

Во официјалното соопштение на заедничката команда на САД и Јужна Кореја се наведува дека според нивните проценки, овој проектил е технолошки понапреден од ракетата која северна Кореја ја истрела пред една недела Проектилот бил истрелан од севернокорејската провинција Јанганг кон морето, од истата локација како и минатонеделниот проектил.

северна кореја проектил EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Американците: Лансирањето не е директна закана

Американската индо-пацифичка команда проценува дека лансирањето не претставува директна закана за Соединетите Држави и нивните сојузници, но го нагласува дестабилизирачкиот ефект на илегалната програма за оружје на Северна Кореја.

Федералната управа за цивилно воздухопловство објави дека накратко ги прекинала полетувањата од некои аеродроми на американскиот западен брег кога се дознало за тестирање на балистичка ракета во Северна Кореја.

северна кореја проектил EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Американските официјални воздухопловни преставници соопштија дека тоа траело помалку од 15 минути поради првичните извештаи за настаните во Индо-пацификот, иако директно не го поврзаа со лансирањето на северно корејскиот проектил.

Нуклеарните претставници на Јужна Кореја и САД телефонски разговараа за тестирање проектили и координирање на одговорите. Тие се согласија да се обидат да го обноват мировниот процес со Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот