Киев планира да го смени генералот Залужни, известен е и Вашингтон

Валериј Залужни/ Фото EPA-EFE/GLEB GARANICH / POOL

Украинската влада ја известила Белата куќа дека планира да го отпушти командантот на вооружените сили на земјата, генерал Валериј Залужни, објави Ројтерс.

За ова прашање веќе неколку дена се расправа во јавноста. Потегот за смена на Залужни, кој се судри со претседателот Володимир Зеленски околу воената стратегија и други прашања, доаѓа по контраофанзивата минатата година во која Украина успеа да врати само мал дел од нејзината територија окупирана од Русија.

Извор близок до канцеларијата на Зеленски изјавил дека двајцата не се согласуваат околу тоа дали да започнат нова кампања за воена мобилизација на половина милион Украинци. Според изворот, отказот на Залужни е одложен бидејќи властите се уште не одлучиле кој ќе го замени.

САД не се спротивставиле на плановите на Киев. Белата куќа соопшти дека е суверена работа Украина да донесе сопствена одлука, изјавил вториот извор за Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот