Киев ќе го добие оружјето потребно за контраофанзивата, вели шефот на американската војска во Европа

Тенк „Челинџер“, дониран од Британија за украинската војска / фото: Украинско министерство за одбрана

Украинската армија навреме ќе го добие потребното оружје за претстојната контраофанзива против руските сили, изјави во американскиот Конгрес највисокиот американски генерал во Европа, Кристофер Каволи.

Генералот Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, наведе како пример дека повеќе од 98 отсто од борбените возила кои сојузниците им ги ветиле на властите во Украина, веќе се испорачани.

„Уверен сум дека им го испорачавме материјалот што им е потребен и ќе продолжиме да ги поддржуваме нивните операции“, рече Каволи на сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот