Кејт Бекинсејл е пример за сите дами: Вака треба да изгледа секоја жена која зачекорила во петтата деценија! (ФОТО)

Кејт Бекинсејл едноставно брилира секој пат кога ќе се појави на црвениот тепих. Актерката повеќе пати докажа дека е вистинска икона на стилот. Нејзините модни избори се за чиста десетка, а ништо полошо не беше ниту овој пат кога таа зачекори пред објективот на фотографите.

На доделувањето на филмските награди според изборот на критичарите дојде во долг фустан и покажа како секоја жена која држи до себе треба да изгледа.

профимедиа

Она што сите прво го забележаа е нејзиниот негуван и блескав изглед. И покрај тоа што наполни 46 години, на изгледот и завидуваат и многу помлади девојки. Таа е пример по кој секоја дама треба да се води.

Освен нејзиниот совршен изглед ништо помалку пофалби не добила ниту сребрената тоалета во којa се прошетала.

профимедиа

Овој пат изборот паднал на креацијата на Џулијано Мекдоналд и фустанот кој ја следи целата линија на телото. Најдобриот дел на фустанот е големиот цвет на рамената и необичниот крој на ракавите кои стајлингот го направија интересен. Шминката и нејзината широка насмевка го зачинија нејзиниот изглед.

профимедиа

The post Кејт Бекинсејл е пример за сите дами: Вака треба да изгледа секоја жена која зачекорила во петтата деценија! (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот