ЌЕ АПЛИЦИРАТЕ ЗА АМЕРИКАНСКА ВИЗА? Отсега ќе мора и својот Фејсбук профил да го приложувате

Кандидатите за американска виза ќе треба да обезбедат податоци од социјалните мрежи, пишува БиБиСи.

Регулациите на Стејт департментот гласат дека луѓето ќе треба да достават информации за профилите на социјалните медиуми, е-мејл адреси и телефонски броеви за период од пет години.

Според новите правила речиси сите кандидати за американски визи ќе треба да достават детали за своето присуство на социјалните медиуми.

Некои дипломатски и официјални кандидати за виза за САД ќе бидат ослободени од овие строги нови мерки.

Сепак, луѓето кои патуваат во САД за да работат или да студираат ќе мора да ги обезбедат овие информации.

„Ние постојано работиме на изнаоѓање механизми за подобрување на нашите процеси на скрининг, за да ги заштитиме американските граѓани, додека поддржуваме законското патување до САД“, објавија властите во Вашингтон.

Властите проценија дека предлогот ќе влијае врз 14,7 милиони луѓе годишно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот