Казни за 175 пешаци, 155 за преминување на улица надвор од пешачки

Пешаци/Слободен печат: Фото Слободан Ѓуриќ

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот во спроведена сообраќајна контрола на територијата на цела држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 175 пешаци, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 155 казни биле за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

– Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, наведуваат од МВР и најавуваат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот