Казни до 15.000 евра: Каталонија забрани забави на отворено

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Каталонија забрани неформални забави на отворено популарни кај младите луѓе, со предупредување дека сите кои ќе учествуваат ќе бидат казнети со парична казна до 15.000 евра.

Мерката беше објавена еден ден откако лидерот на каталонците, Ким Тора, рече дека оние кои учествуваат во традиционалниот „ботељон”, каде што младите се собираат ноќе на улица или во парковите за да споделат пијалоци и да се забавуваат, постапуваат неодговорно.

Каталонија е најтешко погодена од новиот коронавирус со 75.613 случаи, вклучително и 10.134 во последните две недели.

Каталонската Влада во петокот нареди затворање на сите ноќни клубови, додека баровите и рестораните затвораат на полноќ во десетици општини, вклучувајќи ја и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот