Казнети 168 возачи во Скопје, без дозвола биле 15

Фото: МВР

За неносење заштитна маска изречени се 12 санкции.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 168 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

За возење без возачка дозвола изречени се 15 мерки, 14 за некористење сигурносен појас, по 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и за користење мобилен телефон, а седум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

МВР во денешното соопштение прецизира дека се изречени и 45 мерки за непрописно паркирање и 51 возило се подигнати со специјално возило „пајак”. За неносење заштитна маска изречени се 12 санкции.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот