Карпош сѐ уште не ги исплатил субвенциите за велосипеди, оттаму велат – следниот месец

Фото: Архива

И по два месеци откако беше соопштено дека се исцрпени средствата за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети предвидени годинава во буџетот за оваа намена, Општина Карпош сѐ уште не им ги исплатила средствата на граѓаните.

Јавниот повик за субвенционирање беше објавен на 21 март и со него се предвидуваше надомест до 30 отсто од цената за купување нов велосипед или најмногу до 3.000 денари, како и 30 отсто од цената за купување нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Неколку дена подоцна од Општината информираа дека се исцрпени сите средства наменети за субвенција во износ од 600.000 денари со вклучен ДДВ и дека добитниците ќе бидат известени по писмен пат во наредниот период.

Но граѓаните кои аплицирале за надомест велат дека до денес не им се исплатени средствата. По објавата на јавниот повик за субвенционирање возачки испит за млади карпошани, реагираа дека се распишува нов оглас иако уште не се подмирени обврските од претходниот.

Од Општината ветуваат дека тоа ќе се случи набрзо.

Исплатата ќе биде извршена во текот на првата половина од следниот месец – тврдат од Карпош за „Слободен печат“

Оттаму не прецизираат зошто два месеци граѓаните чекаат на исплата на средствата доколку тие се предвидени во општинскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот