КАРИЛ не прима нови пациенти, клиниката е поплавена

Фото: Архива на „Слобоен печат“

Вчерашното невреме предизвикало поплава во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), по што здравствените власти денеска одлучиле да не се примаат нови пациенти.

На клиниката во моментов има пациенти и таа работи, но поради поплавени магацински простории, од безбедносни причини е донесена одлуката да нема нови пациенти, изјави за Канал 5 министерот за здравство Беким Сали.

Пациентите кои доаѓаат на КАРИЛ од Скопје, како што откри министерот, се препраќаат во ГОБ 8 Септември и во Клиничката болница Наум Охридски, оние од источна Македонија во Клиничката болница Штип, пациентите од централна Македонија во Клиничката болница Битола, а оние од западна Македонија во Клиничката болница Тетово.

Во дописот што Сали претходно им го испратил на директорите на клиниките, не се споменува поплавата, туку се соопштува дека поради „технички проблеми“ на единицата за интензивно лекување, итните пациенти ќе се препраќаат во останатите поголеми клинички центри низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот