Капело не веруваше во еден италијански репрезентативец, а потоа започна ЕП

Мануел Локатели досега ги бранеше боите на Сасуоло/Фото: EPA-EFE/Alessandra Tarantino

Легендарниот тренер Фабио Капело призна дека направил грешка во проценката на еден италијански играч кој успеа да го воодушеви на ова Евро 2020.

Капело не беше задоволен од игрите на Жоржињо, особено во фазата на одбрана, до почетокот на континенталниот собир:

– Жоржињо е клучен човек во репрезентацијата. Тој беше играч во кој не верував во целост, но кога внимателно го гледав, сфатив дека тој е фудбалер кој знае како да се постави на теренот и ги насочува соиграчите.

Италија не прима многу голови, а тој е еден од најзаслужните за тоа, бидејќи тој интервенира во раната фаза на нападот на противникот – вели Капело.

Статистички, Жоржињо досега има одземено 21 топка од противникот на ЕП и само неуморниот Французин Н`Голо Канте е подобар од него во таа статистика. Италијанскиот играч за врска исто така има 371 додавање со 94 проценти успешност.

Кристенсен: Не би рекол дека Англија е многу подобра од нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот