Кандидатите за градоначалници испратија пораки до гласачите, дел од нив ветуваат убедлива победа уште во првиот круг

Сашо Поцков, Костадин Костадинов, Димче Шипинкаровски и Сашко Комненовиќ, канидати за градоначалници/ фото: Архива на Слободен печат

 Љупчо Николовски објави попладневно нови кандидати за градоначалници утврдени на последната седница на Извршниот одбор. Костадин Костадинов, Димче Шипинкаровски, Сашо Поцков и Сашко Комненовиќ преку своите фејсбук профили испратија пораки до гласачите.

Новиот кандидат на владеачката партија за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов ветува дека „оваа значајна и огромна поддршка, што значи победа убедлива во прв круг, нема да ја изневери“.

-Мои струмичани и струмичанки, благодарам за поддршката што сте ми ја давале и ми ја давате, благодарам на претседателот на СДСМ Зоран Заев и целото раководство и извршен одбор за шансата што ми ја давате, да направам нова, модерна, европска и граѓанска Струмица за сите напиша Костадинов на Фејсбук.

Кандидатот за Градоначалник на Општина Струга Димче Шипинкаровски вели дека за мене и неговиот тим, огромната одговорност значи и водење позитивна кампања, која наместо поделби и нетрпеливост помеѓу граѓаните, ќе донесе дополнителна кохезија во мултиетничкото струшко општество.

Сашо Поцков кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, во својот фејсбул статус пишува дека овој град продолжува напред во остварувањето на визијата за зелен, модерен и европски град и достојно гo носи атрибутот како најпросперитетна и најперспективна општина.

Кандидатот за градоначалник на општина Чучер Сандево Сашко Комненовиќ  изразува голема благодарност до матична партија СДСМ, за довербата и подршката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот