Канарски острови / фото: pexels-freestockpro

Канарските Острови се најпопуларна дестинација

Во Европската Унија, во вториот квартал се регистрирани 245,9 милиони ноќевања во сместување под наем за краткотраен период, резервирани преку онлајн платформи како што се Airbnb, Booking или Expedia, објави Евростат- пренесе Политика.

Вкупниот број на ноќевања на гости во вториот квартал се зголемил за 17,8 проценти во споредба со истиот период и за 36,8 проценти во споредба со вториот квартал од 2023 година. Канцеларијата на ЕУ одговорна за статистика истакнува дека првиот квартал од оваа година, исто така, покажал дека 2025 година изгледа како ветувачка година за туризмот. Ноќевањата поминати во сместување под наем се зголемиле за 34,3% во април во споредба со истиот месец во 2024 година, главно поради велигденските празници.

Потоа следеше поскромен пораст од 5,3% во мај, од 18,1% во јуни, во споредба со соодветните месеци во 2024 година. Најпопуларните региони за краткорочен сместувачки капацитет резервиран преку онлајн платформи во првиот квартал беа Канарските Острови (8,8 милиони ноќевања) во Шпанија, по што следуваа Рона-Алпи (8,1 милион) во Франција и Андалузија (7,7 милиони), исто така во Шпанија. Во истиот квартал, меѓу првите 20 региони, пет беа во Шпанија и ист број во Франција, три беа во Италија, по два во Австрија и Португалија и по еден во Унгарија, Полска и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот