Kелвин Редверс и неговите обувки / Фото: Инстаграм / Колаж: СП.

ФОТО: Канадски продуцент исфрлен од црвениот тепих на фестивалот во Кан поради изборот на обувки

Канадскиот продуцент со автохтоно потекло, Келвин Редверс бил исфрлен од црвениот тепих во Кан поради носењето на традиционални мокасини, автентични за неговата култура. Обувките, кои инаку биле рачна изработка од неговата сестра,  за „Variety“ изјави дека се чувствувал како „криминалец“ само затоа што ја претставил својата култура на најголемиот светски филмски фестивал, пишува „Vogue“.

Продуцентот од Ванкувер, Келвин Редверс бил во редицата со цел да прошета на црвениот тепих за светската премиера на филмот „Les Amandiers“ на режисерката Валери Бруни Тедечи, кога наеднаш беше запрен од обезбедувањето и беше отстранет од црвениот тепих. Редверс беше дел од контингентот на автохтони продуценти кои за првпат беа во Кан и ги претставуваа своите проекти.

Фото: Инстаграм

Келвин беше во соодветна облека, но елегантните чели ги замени со пар традиционални кафени мокасини – „Dena“, на автохтониот народ од северозападната територија на Канада, каде тој пораснал.

„Се надевав дека ќе носам пример од нешто што би се сметало за формално за мојата култура, а тоа беше прекрасен пар мокасини кои ги изработи мојата сестра“, изјави Редерс и додаде дека бил прилично возбуден што ќе ги носи. Но штом обезбедувањето ги забележало мокасините, тој бил исфрлен од црвениот тепих.

Во минатото на жените не им биле дозволени рамни чевли

Иако неговиот колега што зборува француски се обидел да објасни дека Кан треба да биде флексибилен за традиционална облека од различни култури како што се сари и килтови, протестите биле залудни.

Фото: Инстаграм

„На прилично агресивниот чувар му здодеав, па така тој ми се втурна во лицето и му рече: „Треба да заминеш, веднаш. Оди сега. Бев многу збунет и повреден, се чувствував омаловажено. Ме третираа како криминалец затоа што само се обидував да ја носам својата свечена традиционална облека”, изјави Редверс.

На Редверс му кажале дека ќе му биде дозволено да се врати на црвениот тепих само откако ќе ги облече вообичаените чевли. Сепак, по поплаките, продуцентот бил поканет на друга проекција и успеал да прошета на црвениот тепих во традиционалните обувки.

Кан имаше долга историја на контроверзии на црвениот тепих, а во минатото ги одбиваше жените кои носеа рамни чевли наместо високи потпетици. Иако ова правило на крајот беше напуштено бидејќи ѕвездите како Џулија Робертс и Кристен Стјуарт протестираа боси на тепихот, но строгите правила за обувките на фестивалот очигледно сè уште важат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот