Камчев: Како да сведочам кога Обвинителството ми го наруши кредибилитетот?

Фото: СП. / Драган Митрески

Барам да бидам изземен како сведок, бидејќи законот во државата и онака го кршат Обвинителството и судот, истакна сведокот Орце Камчев на судењето за ‘Меѓународен сојуз’. Тој кажа дека неговиот кредибилитет Обвинителството веќе го нарушил.

-Јас веќе не знам пред кој обвинител одговарам и за што одговарам, додаде Камчев, по што обвинителката Ивана Трајчева појасни дека во судницата тој е повикан за да ги разјасни околностите за случајот ‘Меѓународен сојуз’.

-Постапката во која му е изречена мерка притвор нема никаква врска со овој случај. Тоа е одделна постапка и таму нека си ги каже аргуметите, кажа Трајчева, по што и започна сведочењето на Камчев.

-Ми беа понудени два проекта од ‘Меѓународен сојуз’, еден за старски дом и еден за трговски центар. Но, тука треба да се уште луѓе, бидејќи првично ми беа понудени проектите од страна на Зоран Милевски, Катица Јанева, нејзиниот син и Бојан Јовановски, кажа Камчев, додавајќи дека обвинението е селективно и со него не се сите опфатени.

Според сведочењето на Камчев тој го одбил проектот за трговски центар зашто проценил дека ќе нема финансиска корист.

Во однос на старските домови, бизнисменот кажа дека Бојан Јовановски му рекол дека бил излажан од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев дека ќе му помогне за изнаоѓање локација и веќе не бил во добар однос со Богоев.

-Откако го одбив и вториот проект јас добив закани дека ќе ми се случува оваа тортура. Се покрена ‘Империја’ Само да дополнам дека овде гледам обвинети што воопшто не сум знаел како се вмешани проектите на ‘Меѓународен сојуз’ како што се таткото на Бојан Јовановски или пак Фросина Ременски. На масата беа Бојан и Зоран Милевски, а потписник на се беше Лазар Јанев, синот на Катица, додаде Камчев.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Сведокот Дика за организацијата на Боки13: Потпишував нешто, но не знаев што

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот