Какви зборови од Федерер: Ѓоковиќ заслужува триумф на Вимблдон
Швајцарецот Рожер Федерер го победи Камерон Нори во третото коло на Вимблдон, а потоа зборуваше и за бранителот на трофејот. Федерер кој се бори за својот 21 грен слем трофеј во кариерата, го совлада Нори со 6:4,6;4,5:7,6:4 за два часа и 36 минути игра.
И покрај победата и пласманот во осминафиналето, Федерер сепак се уште не е еден од главните фаворити за трофејот. Таа улога ја има Новак Ѓоковиќ.
– Многу е импресивно да се види што Новак прави оваа година. Изгледа како да е голем фаворит на Вимблдон. Го заслужува тоа, тренираше и се подготвуваше неверојатно напорно – изјави Федерер кој исто така одговори и на причините поради кои сè уште и на 39 години игра тенис.
– Не мислам дека играм против Новак бидејќи тој игра фантастично и има добри резултати. Исто е и со Рафа. Јас ги правам работите на свој начин, имав сопствени проблеми со колената и на тоа се фокусирав изминатиот период – додава Федерер.