КАКВА ДОМИНАЦИЈА: Шпанците освоија повеќе трофеи од Германците, Англичаните и Французите заедно

Википедија

Европската фудбалска федерација ги објави резултатите од натпреварувањата кои се под нејзина јурисдикција и бројките откриваат неверојатна доминација на Шпанија и на шпанските екипи.

Од можните 56 трофеи, Шпанците освоија неверојатни 26 и имаат повеќе трофеи од Англичаните (8), Германците и Французите (по 6) заедно.

Голем удел во доминацијата имаат двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Реал Мадрид од 2014 до 2018 година доминираше во Лигата на шампионите, а во првата половина од изминатата деценија Барселона беше тимот кој освојуваше трофеи.

Барселона триумфира два пати во Лигата на шампионите (2011 и 2015), додека Реал Мадрид тоа го направи четири пати (2014,2016,2017,2018). Што се однесува до вкупниот број на финалиња и настапи во Суперкупот на УЕФА, Шпанија има 37 учесници, Англија има 20, а Франција и Германија по 12.

Реал Мадрид со седум трофеи во сите меѓународни натпреварувања под капата на УЕФА е најуспешен клуб, а по него следат Атлетико Мадрид и Севиља со вкупно шест титули.

Кај дамите доминира францускиот Олимпик Лион со шест титули од осум финалиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот