Каков пропуст на Рома: Службена победа од 3:0 за Верона!

фото: твитер

Римскиот клуб направи еден непрофесионален пропуст на стартот од новата сезона во фудбалската Серија А. Во саботата во првото коло од најсилното италијанско првенство ремизираа без голови екипите на Верона и Рома (0:0).

Но, поради пропустот со регистрацијата на Амаду Диавара, Рома е казнета со пораз од Верона со службен резултат 3:0. На тој меч фудбалерот играше без валидна регистрација.

Играчот од Гвинеја во јули го прослави 23 роденден, па веќе немаше право да биде во списокот до 22 години на кој се наоѓаше минатата сезона. Рома изненадувачки заборави да го ажурира списокот, Диавара не беше запишан во сениорскиот тим. Дури и лигата предупреди на овој пропуст во пресрет на дуелот.

Од римскиот клуб се жалат тврдејќи дека грешката на администрацијата немало влијание на конечниот резултат на натпреварот, бидејќи во сениорскиот тим имаше слободни места, па Диавара можеше да „скокне“ каде било.

Можеби овој загубен бод скапо ќе го чини составот на португалскиот тренер Фонсека во борбата за Скудетото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот