Силувана и жигосана: Како внуката на Јелисавета Караѓорѓевиќ падна во канџите на секта

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Фактот дека внуката на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ била членка на секта шокираше многумина. Индија, која со години беше припадничка на озлогласена секта, долго време не можеше да се извлече од целата приказна.

Индија е ќерка на актерката позната по улогата во телевизиската сапуница „Династија“, Кетрин Оксенберг. Кетрин долги години се бореше да ја ослободи Индија од канџите на сексуалниот култ NXIVM, каде што таа влегла во 2011 година.

Индија неодамна објави видео кое е приказ на нејзиниот живот откако ја напуштила сектата и се вратила на вистинскиот пат. Девојката објави необично видео на Инстаграм, а на кое може да се види како ужива во сонцето и морето.

Бидејќи била изложена на стресни ситуации додека била членка на сектата, нејзиниот психички и физички склоп многу страдале. Меѓутоа, видеото покажува колку Индија напредувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Oxenberg (@indiaoxenberg)


„Се чувствувам многу среќна што можев да бидам дел од ширењето на мисијата и тимот на нашата фондација. Тоа, меѓу другото, беше голема водилка оваа година. Се обидов да се ослободам од калта од минатото што беше навистина леплива изминатава година. Сакав да се чувствувам како да сум во текот на мојот живот, а не да се борам против него“, напишала таа покрај видеото и додала:

„Мислам дека колку помалку ги осудувам работите што ги сакам и своите потреби, толку послободна се чувствувам, тоа е сигурно! Не чувствувам дека мора да објаснувам или да се извинувам за своите избори на другите луѓе и на себеси. ‘Ова сум јас, ова е мојот живот, морам да го живеам овој живот’ се работи на кои се потсетувам. Изгледа глупаво, но понекогаш мислам дека забораваме дека сме главни и дека е толку лесно да се изгуби курсот. Сè уште учам , еве нè повторно, уште една година, уште еден ден на дожд или сонце или снег во зависност од тоа каде живеете. Среќни празници“, порачала Индија.

Во канџите на сектата

Индија претходно своето признание го даде на својот профил и детално го опиша својот случај. Била многу искрена и го открила своето искуство од сектата каде ја силувале, ја жигосале и „ѝ го испрале мозокот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Oxenberg (@indiaoxenberg)


Индија влегла во сектата во 2011 година, а иронијата да биде уште поголема, нејзината мајка ја запознала со NXIVM. Индија штотуку го напуштила факултетот, по само една година, не била сигурна што понатаму во животот и се чувствувала сосема изгубено. Ѝ била потребна структура и насока, цел. Пријателка на нејзината мајка им ја препорачала организацијата за самопомош под назив NXIVM, која била позиционирана како курс, раскажала Индија.

Индија во сектата комплетно го изгубила своето јас. Му станала робинка на водачот на сектата Кит Рение.

Во јануари 2016 година, Индија била однесена во една просторија полна со жени, каде што ѝ било кажано да се соблече и да легне на маса. Потоа додека лежела, две жени ја држеле за рацете и за нозете, а таа била жигосана со иницијалите на Кит Рениер, лидерот на озлогласениот култ.

– Две жени ми ги држеа рацете и нозете за да не можам да мрдам. Се сеќавам на мирисот од изгорено месо и како плачев, но не од болка. Не можев да се помрднам ниту да одбијам да ми го прават тоа – се сеќава Индија на ужасите низ кои поминала.

Фото: Профимедиа

Култот вклучува строг однос, „господар – роб“, а познат по жигосувањето на своите членови.

Таа несвесно ги дала сите информации за себе и за својот живот, не знаејќи што ја чека и дека пред неа е потенцијален непријател кој ќе ја одведе во зоната на самракот.

„Гледајќи наназад, ги гледам знаците за предупредување. На чело на групата беше Кит Раниер, човек кој сите го сакаа, но никој не знаеше многу за него. Низ големата количина на пропаганда, исто така почнав да го гледам Кит како ментор. Му се отворив за односот со мајка ми и зборував за искуства од раното детство. Му раскажував за моите соништа и стравови. Она што не го знаев во тоа време е дека тој извлекуваше информации со причина. Направи да се чувствувам посебно само за полека да ме разбива и систематски да ме контролира“, открила Индија.

Поучена од сопственото искуство, Индија им порача на сите луѓе дека ако случајно се најдат во ситуација кога некој се обидува да ја промени нивната перцепција за себе на негативен начин или сака да ги обезвредни, веднаш да бегаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Oxenberg (@indiaoxenberg)


„Dominus Obsequious Sororium“, латинска фраза што се преведува „Господар врз жените робинки“, било тајно друштво во рамките на NXIVM на чело со Раниер, кое функционирало како пирамида од нивото на „робови“ на чело со „господари“.

Индија ја напуштила сектата во 2018 година, а потоа се преселила да живее со нејзината мајка во Лос Анџелес. Истата година, биле откриени и флеш дискови кои откриле дека нејзината ознака DOS не е симбол на елементот како што ѝ било кажано. Тоа беа иницијалите на водачот на култот – Кит Рениер.

Индија во своето сведоштво откри дека водачот на култот користел многу жени членки на култот на сите можни начини и дека ги силувал и злоставувал. Индија, исто така, била една од оние кои имале секс со него, иако, како што вели таа, тоа секогаш ѝ изгледало чудно и ненормално.

Соочување на суд

Кетрин Оксенберг, ќерка на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ и на американскиот бизнисмен Хауард Оксенберг, беше прва личност што во 2017 година излезе јавно и бараше помош за да ја спаси ќерка си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Oxenberg (@indiaoxenberg)


Против Кит беше спроведена истрага, во која беше вклучен ФБИ, а со кого соробатуваше и Индија, таа беше и нивен сведок.

„Кога го видов Кит на неговото кривично судење минатата година, тој изгледаше толку мал и немоќен“, рекла Индија.

Водачот на култот Кит Раниер беше осуден по сите можни обвиненија во 2019 година. Тој беше обвинет за: сексуална трговија, заговор за принудна работа, трговија со луѓе и неколку точки за рекет и сексуална експлоатација на деца.

Ќерката на Кетрин Оксенберг откри низ каков пекол поминала во секс-култот: Две жени ми ги држеа рацете и нозете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот