Како Трамп ќе го претвори импичментот во свое најсилно оружје

Импичменот обично е најголемиот срам кој може да му се случи на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ендрју Џонсон и Бил Клинтон, до вчера единствените американски лидери кои доживеаја да бидат отповикани, ги преживеаја тесните пресуди на Сенатот, но до крајот на своето владеење мораа да работат на враќање на стариот углед. Двајцата ги наследија претседатели од спротивниот политички спектар, пишува во анализата на српски „Блиц“.

Доналд Трамп најверојатно нема да ја дели нивната судбина. Иронично, тоа што требаше трајно да ја наруши репутацијата на Трамп, поради комбинација на добар тајминг и единствената природа на неговото претседателство може многу лесно да стане неговото најсилно оружје, смета авторот на анализата.

Најважната разлика меѓу импичментот на Трамп во однос на оној на претходните два претседатели е тоа што овојпат процесот се одвива за време на неговата претседателска кампања за изборите во 2020 година. Навидум, може да изгледа дека кандидирањето за реизбор во момент кога Претставничкиот дом и Сенатот одлучуваат за отповикување е самоубиствена мисија, но за човекот чија цела политичка кариера беше вирална кампања против политичкиот естаблишмент, тој ризик денес би можел да му донесе неочекувана корист.

Откако што веќе ќе поминат четири години во Белата куќа, поголемиот дел од претседателите мораа сериозно да се помачат за да го одржат својот имиџ на популистички аутсајдер, но континуираното одбивање на Вашингтон да го прифати Трамп веќе заврши голем дел од работата, пишува „Блиц“.

Политичкиот подем и владеење на Трамп е одбележано со целовремена борба со оспорување, напади на политичките противници и критички настроените медиуми, кои едвај чекаа еден негов погрешен чекор. Но, зад неговото шокантно доаѓање на власт во 2016 година стојат токму оние кои со тоа најмногу се згрозуваа – анкетите покажаа дека се повеќе гласачи преминуваа на негова страна, колку повеќе медиумите го оцрнуваа.

Како медиумска личност Трамп одлично знаеше дека медиумските напади не се опасност туку шанса, а дека нема сомнение оти на сличен начин ќе ја искористи и бурата која ќе следи по импичментот. Републиканското мнозинство во Сенатот речиси е извесно дека ќе гласа во негова користи, а со секое следно јавно потестување за обвиненијата за злоупотреба на моќ и опструкција, тој ќе има се повеќе повод да се претстави себеси како жртва на „злобните демократи кои го гонат без посебна причина“.

Тој веќе сериозно ја спроведува оваа кампања – за време гласањето во Претставничкиот дом Трамп објави 45 твитови во кои импичменот го нарече „самоубиствен марш“, а демократите „лудата Ненси Пелоси“ ловци на вештерки кои не се пресметуваат со него, туку со американскиот народ.

Исто така, во собирањето на драгоцени политички поени на Трамп му помага и тоа што овој импичмент се случува во момент кога американската економија и берза покажуваат историска сила. По години стагнација, економијата расте, а невработеноста опаѓа.

Импичментот на претседателот Ричард Никсон се случуваше за време на тешка економска криза, за разлика од оној на Клинтон кој беше за време на економски подем. Таквите истористи околности, потсетува Си-Ен-Би-Си, допринесоа за тоа Клинтон да остане во владата до крајот на својот мандат, додека Никсон даде отставка и пред Претставничкиот дом и Сенатот да го дадат својот суд.

А што е со срамот кој го носи импичментот? Дали тој е доволен да стави точка на нечија политичка кариера?

Можеби би била, да не се зборува за човекот кој дојде на власт истата година кога се објавени снимките од емисијата „Аксес Холивуд“ во кои тој на највулгарен начин зборува за „заведување“ на жени против нивната волја. Тие снимки веројатно ги содржеа најсрамните изјави кои некогаш ги изговорил некој претседателски кандидат.

Ако една работа стана јасна за време на краткото и бурно владеење на Трамп, е тоа дека посрамувањето не е ефикасен начин тој политички да биде поразен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот