Кои американски претседатели досега биле под закана за импичмент?

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Основачите на американскиот устав , создадоа систем во  кој Претставничкиот дом тешко може да го смени претседателот. Простото мнозинство во Претставничкиот дом е неопходно за импичмент, но тоа не значи и автоматска смена на претседателот. Последната фаза се одвива во Сенатот каде двотретинското мнозинство на сенатори треба да гласа против претседателот за тој да биде сменет.

Ендру Џонсон: Отповикан 1868, еден глас го спасил да не биде разрешен од функцијата

Џонсон беше избран како потпретседател на Абрахам Линколн во 1864 година.

Атентатот и убиството на Линколн во 1865 го испразни претседателското место на кое веднаш дојде Џонсон.

Новиот претседател веднаш се замерил со радикалните републиканци во Конгресот, поради одбивањето на нивните барања за помилување на лидерите на поразените сили на Конфедерацијата од граѓанската војна и негирањето на политичките права на поранешните робови.

Како прв чекор во пресметката, Џонсон го отпушти својото секретар за војна, кој воедно беше и главен сојузник на радикалните републиканци, кои возвратија со барање за негов импичмент.

Тој беше отповкан во Претставничкиот дом со 126 гласови наспроти 47 кои беа против, но не беше сменет бидејки не беше постигнато двотретинското мнозинство во Сенатот за кое недостасуваше само еден глас.

Џонсон го одработи целиот претседателски мандат а потоа стана и првиот американски претседател кој беше избран од сенатот.

 Бил Клинтон: Отповикан во 1998 поради аферата ,,Левински

Profimedia

 

Бил Клинтон го следеа бројни афери откако стапи на должноста во Белата Куќа

Тој и неговата сопруга Хилари во 1993 беа предмет на истрага во таканаречената ,,Вајтвотер” афера во врска со бесправно тргување и поседување недвижнини.

Година дена по стапувањето на функцијата, Клинтон беше кривично гонет и од Пола Џонс која го обвинуваше за сексуално вознемирување. И покрај тоа што во двата случаи немаше доволно докази за започнувањето на постапка за разрешување , комбинацијата на овие две постапки доведе до импичмент за Клинтон.

Адвокатите на Пола Џонс добија дојава дека Клинтон имал афера со 21-годишната вработена во Белата куќа, Моника Левински, информација кои и двајцата ја порекнуваа, иако беа под заклетва.

Клучниот доказ за постоењето на оваа афера го поднесе независниот советник во случајот ,,Вајтвотер”, Кенет Стар кој обезбеди 20 часовна аудио снимка на Левински и нејзината пријателка Линда Трип , во која се потврдува аферата. Линда Трип претходно  била озвучена  и откако се сретнала со Левински ја навела таа да и се довери за аферата со Клинтон.

Членовите на Конгресот гласаа во склад со партиската припадност во процесот на гласањето за импичмент на Клинтон по две обвиненија- изрекување невистини под заклетва и опструирање на правдата. Клинтон беше ослободен по двете обвиненија

Но и покрај јавниот срам од секс скандалот, подршката за Клинтон по неуспешниот импичмент се зголеми на 73 отсто.

Доналд Трамп: Отповикување поради шпиунирање на политичките ривали

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

 

Демократите го обвинуваат Трамп дека ја злоупотребил претседателската функција барајки од Украина да спроведе истрага против поранешниот потпредседател на САД Џо Бајден.Особено што Бајден се смета за фаворит за добивање на номинацијата на демократите за претседателски кандидат што воедно ќе биде и главен ривал на Трамп  во претстојната трка за освојување на нов претседателски мандат во Белата куќа.

Трамп се обвинува и дека како претседател, ја опструирал истрагата која Конгресот, водена за овие обвинувања.

За првата точка од обвинението- злоупотреба на функцијата- гласаа 230 членови од Претставничкиот дом, додека против импичментот на Трамп се изјаснија 197 конгресмени.

За второто обвинение- опструирање на Конгресот- беше усвоено од 229 демократски  конгресмени додека против беа 198 републикански претставници.

Отповикувањето на Трамп не значи и разрешување од претседателската функција. За тоа ќе се одлучува следиот месец во Сенатот каде пред порота од 100 сенатори ќе бидат претставени и образложени причините за барањето на претседателското отповикување.

За отповикувањето на Трамп во Сенатот е потребно двотретинско мнозинство на демократите, односно би требало најмалку 20 републикански сенатори да ја подржат иницијативата на демократите за импичмент на Трамп.

Ниеден републикански сенатор досега не најави дека би можел да го подржи импичментот, па оттаму судејки по односот на силите, се поизвесно е дека Трамп ќе остане на претседателската функција до крајот на својот мандат.

Доколку пак, демократите успеат да обезбедат двотретинско мнозинство, Доналд Трамп по автоматизам ја губи функцијата претседател на САД.

Ричард Никсон: Оставка поради аферата,,Вотергејт

Profimedia

 

И покрај фактот дека беше вмешан во еден од најголемите политички скандали на сите времиња, Никсон никогаш не беше отповикан од претседателската функција. Тој самиот поднесе оставка, пред Претставничкиот дом да добие шанса да гласа за импичмент.

Да не ја поднесеше оставката, Никсон веројатно ќе беше првиот американски претседател кој ќе беше сменет,поради учеството во аферта со прислушувањето позната како ,,Вотергејт”.

За време на истрагата,во 1974 ,Врховниот суд му нареди на Никсон да ги објави оргиналните снимки од Овалниот кабинет, на кои се слушнаа предлозите на Никсон за користење на ЦИА во опструирањето на ФБИ, како и плаќањето на одредени сведоци да ја премолчат вистината

Откако снимките беа лиферувани во јавноста, Никсон добил дојава дека  поради оваа афера  сите сенатори се подготвени да гласаат за негово разрешување, по што самиот се повлече од претседателската функција.

Тој подоцна беше помилуван од страна на неговиот наследник во Белата Куќа Џералд Форд но поголемиот дел од неговите соработници во аферата ,,Вотергејт” беа уапсени и добија затворски казни.

Претседатели кои се извлекоа од импичмент 

profimedia

 

Во американската историја се регистрирани  имиња на  претседатели кои биле соочени од заканата за  импичмент, вклучувајки ги и последните шест претседатели од редовите на републиканците.

И на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон  му се заканувал импичмент од оние кои не се согласувале со неговите политички ставови , но ништо конкретно не било преземено, па овие тврдења во историјата се сметаат само за непотврдени наводи

Џон Тајлер бил првиот американски преседател кој се соочил со опасност од импичмент, но иницијативата на неговите политички ривали имала слаба подршка и затоа никогаш не стигнала на разгледување во претставничкиот дом.

Демократот Хенри Гонзалес пак поднел резолуција за импичмент против претседателите Роналд Реган и Џорџ Буш постариот но поради немање подршка, инцијативата не успеала да дојде до Конгресот

За разлика од својот татко, Џорџ Буш помладиот се соочи со нешто посериозна закана за  импичмент, бидејки беше обвинет за наводни воени злосторства

Преставничкиот дом тогаш гласаше за проследување на предлогот за импичмент до Одборот за правосудство во Конгресот, но немаше доволно мнозинство за предлогот да помине.

Ниту Барак Обама не беше имун на шпекулациите за наводен импичмент кога Волтер Џонс во 2012 побара од Конгресот да усвои резолуција во која го обвинува тогашниот претседател Обама за преземање воена интервенција во Либија без согласност на Конгресот.

Оваа резолуција беше проследена до Одборот за правосудство но никогаш не беше ставена на гласање за импичмент на Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот