Како правилно се пости Божиќниот пост: Кога се јаде риба, а кога се пости на вода

youtube

Божиќниот пост почна на 27 ноември и ќе трае до Божиќ, односно ќе заврши на 6 јануари. Трае 40 дена, но не е строг како Големиот пост (Велигденскиот). Во текот на целиот пост не се јаде месо и јајца. Масло и вино се дозволени сите денови освен понеделник, среда и петок, кога се пости „на вода“.

Во продолжение погледнете до кои правила треба да се придржувате за да го испочитувате постот и да се причестите.

Youtube

28 ноември: Првиот ден од постот не е особено тежок. Тие што решиле да постат можат да јадат риба, зготвена храна, но не и растително масло. На овој ден можете да подготвите супа од зеленчук и ориз.

29 ноември: Во петок е забрането да се јаде зготвена храна. Верниците веруваат дека на овој ден треба да се јадат ореви, овошје и свеж зеленчук. Исто така дозволено е да се јаде леб, мед и суво овошје.

30 ноември/1 декември: Дозволено е да се подготвува риба на растително масло.

2 декември: Не смее да се јаде масло, но сепак можете да зготвите оброк, на пример крем-супа од зеленчук како главно јадење и варен зеленчук за вечера.

3, 4 и 5 декември: Може да се јаде риба со малку маснотии или посна пита.

6 декември: На овој ден се јаде термички необработена храна – ореви, мед и суво овошје. Таквата храна ќе ве наполни со енергија.

Youtube

7 и 8 декември: Овие денови можете повторно да јадете риба и морска храна. Тестенините од лигњи се одлична вечера.

9 декември: Во понеделник e забрането масло, па може да направите каша од просо во која може да додадете овошје и мед. За вечера, можете да испечете зеленчук или да јадете кисели краставички.

10 декември: Ден за риба. Слободно можете да јадете риба и морска храна.

11 декември: Ова повторно е ден на сува. Можете да јадете салати од свеж зеленчук, сушено овошје и јаткасти овошја.

12 декември: Дозволена е храна во масло. Можете да јадете риба, секакви видови пецива, но никако не смеете да јадете месо, млеко и сирење.

Youtube

21-22 декември: Овие два дена рибите се главни на менито.

23 декември: Може да се јаде варен оброк со база на вода и салати.

24 декември: На овој ден е дозволено да се јадат оброци подготвени на масло.

25 декември: Ден на сува и сурова храна. Јадете мед за да си ја вратите енергијата.

26 декември: Дозволено е да се јаде зготвена храна.

27 декември: Ден за сува храна. Јадете свежо овошје и зеленчук.

28-29 декември: Овие денови јадете риба.

30 декември: Ден без масло. Варен зеленчук, крем супа, салата…

31 декември: Денеска во оброците може да додадете масло. Направете си домашна пита од компири.

1 јануари: На овој ден не се јаде термички обработена храна.

2 јануари: Може да се јаде готвена храна, но без масло. Консумирајте варени житни култури за да го снабдите телото со витамини.

3 јануари: Ден за сува храна.

4 и 5 јануари: Овие два дена можете да зготвите супа, грашок, грав, леќа во масло.

6 јануари: На Божиќ се јаде суво овошје и се практикува строг пост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот