Како „Патриот“ најсофистициран „ПВО“ систем во светот стана лесна мета за Русите

Противвоздушен систем „патриот“ на полската армија - Фотографија ЕПА, Павел Супернак EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Не стивнуваат реакциите и натписите во светските медиуми по неодамнешното ракетирање на руската војска врз воени објекти во Украина и главниот град Киев во кои Москва тврди дека притоа ги „погодила сите цели“, додека украинските сили соопшија дека пак во исто време ги соборила сите руски ракети.

Имено, денес повеќе американски медиуми јавуваат дека противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ од американско производство кој ѝ беше предаден на Украина, најверојатно претрпел извесно оштетување при рускиот ракетен напад, изјавиле за Ројтерс во вторникот двајца неименувани американски функционери.

Патриот“ против руската „Кама“

Системот „Патриот“ е еден во низата напредни софистицирани оружени системи за противвоздушна одбрана кои западните земји ѝ ги испорачаа на Украина во настојувањата да се одбрани од масивните руски ракетни и напади со беспилотни летала, чијашто цел се критичната инфраструктура, енергетски објекти, логистиката за војската и командните центри.

Фото: САД

Американски функционер, зборувајќи под услов да остане анонимен и цитирајќи ги прелиминарните извештаи, за агенцијата Ројтерс рекол дека Вашингтон и Киев веќе разговарале за најдобриот начин како овој систем да биде ставен повторно во функција и оти во моментов се чини дека „Патриот“-от „нема да мора“ да биде дислоциран од Украина. Функционерот додал и дека САД подобро ќе се запознаат со случајот следните денови, како и дека информациите може да се променат со текот на времето.

Од друга страна руското Министерство за одбрана претходно во вторникот извести дека со хиперсоничен проектил „Кинжал“ во текот на ракетниот напад од изминатата ноќ уништиле американски противвоздушен систем „Патриот“ распореден во украинската престолнина Киев.

Претходно украинската команда објави дека во ноќниот руски напад соборила 18 руски проектили, вклучително дури и шест хиперсонични „Кинџал“-и. На прашање на агенцијата РИА, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го отфрли таквото тврдење и истакна дека Киев последните седмици постојано зборува за голема бројка наводно соборени вакви проектили отколку што Русија воопшто ги лансирала. Не е јасно со кое западно оружје Украина ги соборила проектилите, особено руските „Кинжал“-и Пентагон веднаш немал коментар на прашањето, забележува Ројтерс.

Системот „Патриот“ се смета за еден од најнапредните американски системи за воздушна одбрана, вклучително и против авиони, крстосувачки и балистички ракети. Обично вклучува лансери заедно со радар и други возила за поддршка.Според стручњаците од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС), системот „Патриот“ е „најскапиот вооружен систем кој САД ѝ го доставиле на Украина“ досега.

Имено секоја единица чини околу 1,1 милијарда долари, и тоа 400 милиони се лансерите, командниот модул и радарскиот систем за лоцирање, и околу 700 милиони долари за ракетите за пресретнувачи. Еден проектил од најновата модификација го чини Пентагон 4,1 милиони долари.

Станува збор за армиски мобилни системи за противвоздушна одбрана стапија во вооружувањето на американката војска во 1980-те години. Развиени се за соборување авиони, беспилотни летала, крстосувачки и балистички проектил со краток и среден дострел. Една батерија вклучува пет до осум мобилни единици. На платформата може да се сместат контејнери за лансирање за 4 или 16 проектили, во зависност од модификацијата.

Во моментов системи „Патриот“ во своите вооружување ги имаат или планираат наскоро да ги набават 18 земји во светот, меѓу кои Германија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Романија… Овие системи американската војска активно ги користење во текот на операциите во Персискиот залив, односно Заливската војна во 1991-ва и инвазијата на САД и сојузниците врз Ирак во март 2003 година.

Каква ракета е Кинџал

Русија истрела хиперсонични ракети Кинџал кон Киев во вторникот, при што Украина рече дека ги соборила сите шест, а Русија тврди дека една поминала преку воздушната одбрана за да го уништи противракетниот одбранбен систем земја-воздух, изграден од САД, „Патриот“. Ројтерс не можеше да ги потврди ниту едното тврдење, но еве неколку клучни факти за Кинџал, што на руски значи „кама“:

Кинџал ракета/ Фото: Твитер/Clint Ehrlich@ClintEhrlich

– Станува збор за балистичка ракета лансирана од воздух, способна да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави. Украина соопшти дека шест биле соборени во вторникот додека Москва ги негираше овие тврдења. Инаку Кинџал-47M2 K на руски значи „Кама-нож“, каде кодното име на НАТО за оваа балистичка ракета е Килој. Станува збор за руска воздушна лансирана нуклеарна ракета со хиперсонична воздушна брзина. Се тврди дека има домет од 2.000 км и брзина од 10 маха. Истата може да носи или конвенционални или нуклеарни боеви глави и таа истовремено може да биде лансирана од бомбардери Ту-22М3 или пресретнувачи МиГ-31К. Распореден е во воздушните бази во Јужниот воен округ на Русија и Западниот воен округ.

Кинџал стапи во употреба во декември 2017 година во руските сили и беше едно од петте нови руски стратешки оружја што ги откри рускиот претседател Владимир Путин во март 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот