Како одговор на смртта на Навални, министрите на ЕУ договорија нови санкции кон Русија

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија денеска договорија нови санкции кон Русија како одговор на смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, изјавија дипломати на ЕУ за ДПА.

Санкциите се однесуваат на луѓе од рускиот судски систем, наведуваат од ЕУ.

Повеќе детали за новите санкции се очекува да бидат објавени во наредните денови.

Овој денешен потег уследи по кореографскиот реизбор на рускиот претседател Владимир Путин на функцијата во текот на изминатите три дена. Изборите беа во сенка на смртта на Навални во сибирски затворски логор во февруари, пренесе ДПА.

-Русија имаше избори без избор, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот