Како на филм: Експлозивна направа фрлена во автоперална во Скопје

Фото: МИА/илустрација

Синоќа во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална на бул.„Гоце Делчев”.

Според пријавителот направата предизвикала експлозија од која настанале оштетувања на помошен објект – барака.

Повредени лица нема. За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила екипа од ЕВР Центар и Бит Пазар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот