Како Кина влијае на глобалното јавно мислење

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Во последниве години, особено од почетокот на пандемијата на корона вирусот, Кина вложува големи напори за да влијае на глобалното јавно мислење. Кинеските медиуми веќе стануваат едни од доминантните извори на информации во одредени земји во развој, особено во Африка.

За стекнување на „дискурсна моќ“, Кина се потпира на неколку столбови, меѓу кои се интегрирањето на внатрешната и надворешната пропаганда на Кинеската комунистичка партија, онлајн и офлајн каналите за нејзино ширење, како и механизмите за надзор.

Имено, Кина тежнее кон тоа што е можно повеќе да ја изложува светската јавност на кинеските наративи, преку традиционалните и новите медиуми, со надеж дека ќе ја поткопа глобалната доминација на западниот дискурс. Од 2008 година Кина троши повеќе од 1,5 милијарди долари годишно на ширење пропаганда користејќи традиционални медиуми, при што голем дел од средствата одат за иницијативи на глобалниот југ.

Оваа стратегија е особено очигледна во случајот со државната новинска агенција Ксинхуа, која се опишува себеси како „лесна коњаница“ во глобалната војна на јавното мислење во Кина. Кина ефикасно ја шири својата пропаганда на меѓународно ниво, користејќи ги странските платформи на социјалните мрежи. Како дел од овие напори, Ксинхуа значително ја прошири својата мрежа низ годините, така што сега има повеќе странски дописници од која било новинска агенција во светот.

Кина користи уште една стратегија за ширење на својата пропаганда – ги поттикнува новинарите во странство да известуваат поповолно за прашањата што се однесуваат на Кина. Исто така, претставниците на кинеската држава во голема мера го проширија своето присуство на социјалните мрежи.

Од јануари 2021 година, Ксинхуа дневно дистрибуира во просек седум илјади и триста статии, фотографии, видеа и други медиумски содржини на 15 светски јазици, собирајќи повеќе од 200 милиони следбеници на социјалните медиуми во странство на различни платформи, вклучително и Фејсбук, Твитер и Јутјуб. Бројот на Твитер профили во Кина вртоглаво порасна за повеќе од 6.000 отсто за само три месеци во 2017 година, по извештаите на западните медиуми за ситуацијата во кинеската провинција Ксинџијанг. Што се однесува до напорите на Кина да го обликува јавното мислење, повеќето студии открија дека кинеските пораки на општо ниво не резонираат особено со локалната публика.

Сепак, некои студии покажаа дека кинеската пропаганда може да биде ефикасна во убедувањето на публиката дека „кинескиот модел“ е супериорен во обезбедувањето раст и стабилност споредено со моделите на демократски политички системи. Кинеските власти често учествуваат во координирани кампани за влијаење и информирање на социјалните мрежи, вклучително и оние кои шират дезинформации за потеклото на пандемијата на КОВИД-19.

Друг столб на стратегијата на Кина е иновацијата во содржината, која вклучува приспособување на содржината и наративите најдобро да одговараат на одредена публика стратегија позната како „прецизна комуникација“.

Кина верува дека пристапот до податоците на јавното мислење во прекуокеанските земји е од суштинско значење за да се подобри нејзината способност за приспособување на содржината.

Претставниците на Комунистичката партија рекоа дека Интернетот содржи огромно количество податоци кои можат точно да ги одразуваат општествените чувства и дека со употреба на аналитика и вештачка интелигенција, Интернетот може да биде алатка за зајакнување на раководството на партијата.

За таа цел, Кина неодамна лансираше четири државни лаборатории посветени на користење на податоци за подобро приспособување на содржината за одредена публика, како и ширење на „позитивна енергија“ преку дигиталните и социјалните медиуми. Покрај обликувањето на содржината, една од тактиките е и замаглување на фактот дека содржината потекнува од кинески државни извори.

Ова е феномен познат како „политичко вродено рекламирање“, во кое кинеските државни медиумски организации купуваат простор во странските вести за да објавуваат содржина одобрена од државата „камуфлирана“ како неутрална вест. Кина верува дека пристапот до податоците за јавното мислење во прекуокеанските земји е од суштинско значење за да се подобри нивната способност за приспособување на содржината.

Претставниците на Комунистичката партија велеа дека интернетот содржи огромна количина податоци кои можат точно да ги одразат општествените чувства, како и дека со употреба на аналитика и вештачка интелигенција, интернетот може да биде алатка за зајакнување на раководството на партијата.

За таа цел, Кина неодамна лансира четири државни лаборатории посветени на користењето податоци за подобро приспособување на содржината за одредена публика, како и ширење „позитивна енергија“ преку дигиталните и социјалните медиуми. Покрај обликувањето на содржината, една од тактиките е и замаглување на фактот дека содржината потекнува од кинески државни извори.

Ова е феномен познат како „политичко вродено рекламирање“, во кое кинеските државни медиумски организации купуваат простор во странски новински куќи за да објавуваат содржина одобрена од државата „камуфлирана“ како неутрална вест.

Во извештајот од 2020 година, Фридом Хаус истакна дека, особено во дигиталните верзии на локалните весници, колумната на англиски јазик на кинескиот државен медиум Чајна Дејли, „Чајна Обсервер“, често останува неозначена, па читателите не знаат дека е спонзорирана од кинеската држава.

Исто така, Кина се обидува да ги контролира локалните медиумски опкружувања преку договори за споделување содржини, кои во некои случаи завршуваат со тоа што локалните медиуми се преплавени со бесплатни или евтини содржини поддржани од Комунистичката партија на Кина.

Голем дел од овој притисок се однесува на земјите во рамките на кинеската иницијатива „Појас и пат“, на која припаѓа и Србија, а од кои повеќето се на глобалниот југ.

Последниот столб на кинеската стратегија за моќ на дигиталниот дискурс е управувањето.

Кина, на пример, е активна во обликувањето на стандардите за информатичка и комуникациска технологија во Меѓународната унија за телекомуникации, така што сите членки поврзани со Кина, без разлика дали се од академската заедница, приватниот сектор или владата, гласаат како еден блок.

Ова обезбедува усвојување на кинеските предлози и помага во ширењето на кинеските норми кога станува збор за сајбер суверенитетот, односно кинеската верзија на управувањето со интернетот, која го поддржува сувереното право на владата да го контролира интернетот во своите граници. На овој начин, кинеската држава, односно Комунистичката партија, го шири својот наратив, советувајќи ги владите ширум светот како во своите општества да ги обликуваат законите и политиките за управување со технологијата, често обезбедена од Кина.

На овој начин, Кина им обезбедува на другите земји, особено на земјите во развој, техничка инфраструктура, а истовремено ги нуди и стандардите преку кои самата таа функционира. Истовремено, Кина ги користи своите врски во локалните медиуми за да раскаже позитивна приказна за предностите на кинеските вложувања во иднината на земјите во развој.

Кина користи и пристап до огромни количини податоци, особено поврзани со меѓународното јавно мислење за теми поврзани со Кина, за да ги направи кинеските медиуми повлијателни на глобално ниво. Кинеската држава ги користи овие податоци за дополнително да ги усоврши своите пораки и да го подобри својот пропаганден апарат и цензура. Напорите на Кина имаат поголемо влијание во земјите каде што граѓанските слободи се веќе ограничени и каде што е најважно да се добие поддршката од тесен круг политички елити.

Извор: Demostat

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот