Фото: Промо

 „Кајмак“ на Манчевски патува во Стокхолм, Рим, Хаг, Лондон, Буенос Аирес, кинопремиери во Холандија и Хрватска

Филмот„Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја финишира извонредно успешната и плодна фестивалска година со проекции во Стокхолм, Рим, Хаг и Лондон, а следната година ја стартува во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот од 2 ноември е и на редовниот кино репертоар во Хрватска.

На крајот на месецов, режисерот Манчевски ќе присустува на проекцијата во Хаг и ќе одговара на прашања на публиката, по што ќе почне и кино прикажувањето низ Холандија. Исто така, Манчевски ќе присуствува и на проекцијата во Рим. На барање на Македонската амбасада, на 29 ноември „Кајмак“ ќе се прикажува во Лондон за студентите и поширокиот академски аудиториум на University College London. Минатиот месец, пак, „Кајмак“ го отвори 18. издание на Македонскиот филмски фестивал во Торонто.

На покана на Институтот за филм на Шангајскиот универзитет и шпанскиот Универзитет на Кастилја-Ла Манча, Манчевски минатиот месец во Толедо, Шпанија одржа десетдневен семинар за филмска режија, за класата студенти на овие универзитети. Изминатава годинава Манчевски одржа серија мастеркласови на фестивалите низ светот, од Токио, преку Калабрија, Тирана, Торонто и други, кои предизвикаа особено внимание кај стручната јавност и публиката.

„Мастерклас кој беше елоквентен, духовит, пркосен и помалку застрашувачки“, рече „Варајати“ за оној во Токио. „Уметник кој му објави војна на компромисот“, „Како и секој вистински уметник, тој шокира и го презира конформизмот“, рече албанската државна агенција АТА.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска,  Хрватска… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот