Кајли Џенер во екстравагантно издание: Розев „ролс ројс“ и ташничка од неверојатни 7.700 долари

Instagram

Кајли Џенер на Инстаграм објави фотографија на која позира во луксузен автомобил специјално изработен за неа, со розева внатрешност.

За ефектот да биде целосен, Кајли ставила розев „Прада“ шешир, а како уште еден моден детаљ одбрала мала ташничка од брендот „Биркин“ во истата боја.

Цената на розевиот „ролс ројс“ е околу половина милион долари, а малата ташничката што ја носи има „голема“ цена – чини неверојатни 7.700 долари.

Сѐ ова е за мене“, напиша Кајли во опис на фотографијата, која ја објави откако нејзината сестра Ким Кардашијан соопшти дека се прекинува снимањето на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ по 14 години емитување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот