Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предлозите да ги дадат во работните групи за измени на Уставот

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ/Фото: Скриншот

Со почнување на процесот во Собранието ќе се отвори јавна расправа, преку работни групи, каде може и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат свои предлози. Овој процес мора да биде инклузивен, транспарентен за да дојдеме до најдобрите предлози и решенија за промените во Уставот, со цел да го продолжиме европскиот пат на нашата држава, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

На денешната прес конференција тој посочи дека година и пол Скопје е нефункционален град, нема реализација на ниту еден важен проект, а најодговорни за таквиот хаос, според него се Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

  • Нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала, улица Есенинова, изградбата на клучката кај Момин поток, мостот на булеварот АСНОМ. Јавните претпријатија се во хаос, градскиот превоз е нефункционален. Скопје со ВМРО-ДПМНЕ е буквално заглавено, стагнира наместо да се развива. Во вакви услови, наместо проекти и решенија, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за споменици. Наместо да обезбеди услови за подобар живот на скопјани ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска сака да го вратат споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на Скопје. Шпицниот градоначалник, Мицкоски вчера ја поддржа Арсовска во оваа намера. Раце во медот и споменици, тоа се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во Скопје – рече Каевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот