Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец

Претседателот Стево Пендаровски ја донесе одлуката за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, бидејќи анализите покажале дека тој е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби, велат за МИА од кабинетот на шефот на државата по искажаните забелешки од ДУИ за неговото назначување.

– Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање. По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот