Јужнокорејски научници одгледале говедски клетки во зрна ориз

Фото: Пекселс/ edward-jenner

Јужнокорејските научници одгледале говедски клетки во зрна ориз, а како што велат, ова е голем чекор кон постигнување одржлив, достапен и еколошки извор на протеини што би можел да го замени месото. Професорот Џинки Хонг од Универзитетот Јонсеи во Сеул, кој го предводел истражувањето објавено во списанието Матер овој месец, рече дека „говедскиот ориз“ е првиот производ од ваков вид. Ги користи житариците како основа за одгледување на животински мускули и масни клетки.

Во истражувањето, зрната од ориз биле третирани со ензими за да се создаде оптимална средина за раст на клетките, потоа на нив биле додадени говедски клетки, кои биле одгледувани за да се добие финалниот хибриден производ, кој наликува на розово зрно ориз. Тимот на Јонсеи не е првиот што работел на лабораториски месни производи. Компании ширум светот лансираа култивирано месо; еден од најновите вклучува пилешко и јагула од растително потекло од соја, кои се продаваат во Сингапур.

Тимот на Хонг рече дека оризот има безбедносна предност во однос на сојата или јаткастите плодови бидејќи помалку луѓе се алергични на него. „Ако успешно се развие во прехранбени производи, култивираниот говедски ориз може да послужи како одржлив извор на протеини, особено во средини каде што традиционалното сточарство е непрактично“, рече тој.

Говедскиот ориз содржи приближно 8 проценти повеќе протеини и 7 проценти повеќе масти од обичниот ориз. Хонг истакна дека протеинот во говедскиот ориз е 18 отсто од животинско потекло, што го прави богат извор на есенцијални амино киселини.

Со околу 2 долари за килограм и со далеку помал јаглерод од традиционалните говедски производи, култивираниот говедски ориз може да се натпреварува на полиците на продавниците, рече Хонг. Хонг рече дека предизвиците остануваат од техничка гледна точка и во однос на стекнување клиенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот