Јужнокорејците повеќе нема да смеат да продаваат кучешко месо

Кучиња во Јужна Кореја / Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужна Кореја донесе нов закон, чија цел е да се стави крај на колењето и продажбата на кучиња за нивното месо до 2027 година. Законот има за цел да стави крај на вековната практика на јадење кучешко месо, пренесува Би-Би-Си.

Популарноста на кучешкото месо падна во последните неколку децении, бидејќи младите особено го избегнуваат. Според законот, ќе биде забрането одгледување или колење кучиња за конзумирање, како и дистрибуција или продажба на кучешко месо. Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за тоа може да бидат испратени во затвор.

Луѓето кои се занимаваат со ваква трговија може да се соочат со затворска казна до три години, додека оние кои одгледуваат кучиња за месо или продаваат кучешко месо би можеле да одлежат најмногу две години. Сепак, самото консумирање кучешко месо нема да биде нелегално.

Новата легислатива ќе стапи на сила за три години, давајќи им време на земјоделците и на сопствениците на ресторани да најдат алтернативни извори на вработување и приходи. Тие ќе треба да поднесат план за постепено укинување на нивните бизниси до нивните локални власти.

Владата вети дека целосно ќе ги поддржи фармерите со кучешко месо, месарниците и сопствениците на ресторани, чии бизниси ќе бидат принудени да затворат, иако допрва треба да се разрешат деталите за тоа каква компензација ќе биде понудена.

Според владините статистики, Јужна Кореја имала околу 1.600 ресторани кои слушеле кучешко месо и 1.150 фарми за кучиња во 2023 година. Чорбата од кучешко месо, наречена „бошинтанг“, се смета за деликатес меѓу некои постари Јужнокорејци, но месото повеќе не е популарно кај младите.

Според анкетата на Галуп минатата година, само 8% од луѓето рекле дека пробале кучешко месо во изминатите 12 месеци, што е намалување од 27% во 2015 година. Помалку од една петтина од анкетираните изјавиле дека ја поддржуваат потрошувачката на месото.

Претходните влади, кои датираат од 1980-тите, ветувале дека ќе го забранат кучешкото месо, но не успеале да постигнат напредок. Сегашниот претседател Јун Сук Јеол и првата дама Ким Кион Хи се познати љубители на животни. Двојката поседува шест кучиња, а Ким повика да се прекине практиката на јадење кучиња. Групите за права на животните, кои долго време се залагаат за забрана, го пофалија исходот од гласањето во вторник.

Фармите за кучиња во Јужна Кореја се борат до коска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот