Јужнокореец завршил во затвор откако напишал песна во која ја пофалил Северна Кореја

Луѓе во Јужна Кореја / Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Суд во Јужна Кореја осуди 68-годишен маж на 14 месеци затвор затоа што ја пофалил Северна Кореја во песна. Во својата песна, објавена во 2016 година во Северна Кореја, Ли Јун Сеоп го пропагирал обединувањето на двете земји.

Во песната тој напишал дека доколку двете Кореи се обединат под социјалистичкиот систем на Пјонгјанг, граѓаните ќе добијат бесплатно сместување, здравствена заштита и образование. Тој е осуден според јужнокорејскиот закон кој забранува јавна пофалба на Северна Кореја, пишува Би-Би-Си.

Во песната со наслов Means of Unification, Ли исто така навел дека во обединета Кореја би имало помалку самоубиства и долгови. Неговата песна била прогласена за една од најдобрите на поетскиот конкурс во ноември 2016 година.

Ли веќе поминал 10 месеци во затвор за сличен прекршок во минатото. Судот во Сеул рече дека Ли продолжил да шири пропаганда во која го фалел лутиот ривал.

„Кореа Хералд“ пишува дека 68-годишниот маж објавувал коментари на интернет во кои ја пофалил војската на Северна Кореја во 2013 година и продолжил да објавува антидржавни содржини на јужнокорејските блогови и веб-страници во следните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот