Јужна Африка: Тела на две дечиња пронајдени без неколку органи, жителите стравуваат дека меѓу нив има сериски убиец

EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Телата на две деца кои биле убиени и осакатени биле пронајдени утрото откако нивните семејства пријавиле дека се исчезнати.

Нкобиле Зулу (5) и неговиот пријател Тшијамо Рамање (6) исчезнале во средата откако бабата на Тшијамо ги оставила да си играат на улица во Совето, Јужна Африка.

Полициските патроли трагале по момчињата во средата вечерта, но нивните тела биле пронајдени на одделни локации во четвртокот наутро. Во грозоморниот напад биле осакатени и телата – на момчињата им биле отсечени носот, устата и гениталиите, пишува „Дејли мејл“.

Убиствата ги поттикнаа стравувањата дека сериски убиец е во областа и началникот на полицијата во провинцијата Гаутенг рече дека одговорните ќе се соочат со „целата сила на законот“. Некои жители веруваат дека сериски убиец е на тапет во нивната област, бидејќи е поретко исчезнатите деца да се најдат живи.

Крезан Бош, член на канцеларијата на окружниот обвинител на провинцијата Гаутенг, рече дека децата не се безбедни во нивните заедници и дека е клучно луѓето да внимаваат на нив.

– Премногу често слушам за случаи на исчезнати мали деца, а уште почесто дека се пронајдени мртви. Ова е јасен показател дека животите на нашите деца се загрозени и затоа сега, повеќе од кога било, од најголема важност е нашите заедници да внимаваат на нашите деца – рече Бош.

Претседателот на Законодавниот комитет за безбедност на заедницата Бандил Масуку рече дека комитетот е загрижен за таквите злосторства во овој дел на Јужна Африка.

– На сторителите на ваквите грозоморни дејствија треба да им се одржи најсуровата лекција и да се направи пример од нив во оваа земја дека такви ужасни злосторства нема да се толерираат – рече тој.

Шефот на полицијата во Гаутенг, Елиас Мавела, рече дека мобилизира ресурси за да ги пронајде сторителите и побара од секој што има информации да контактира со полицијата. Премиерот на Гаутенг, Пањаза Лесуфи, ги посети ожалостените семејства во четвртокот вечерта и рече дека убиствата на момчињата биле „надвор од варварството“.

– Тоа што се случи е болно. Не смее да се толерира. Сторителите мора да бидат фатени – рече тој.

Бабата на Тшијамо, Нкобил Ндлову, не можела да ги задржи солзите додека ја раскажувала смртта на нејзиниот внук за кого се грижела по смртта на неговиот татко.

– Каква трагична загуба. Јас сум лута. Го изгубив внукот. Тој е син на мојот првороден син кој почина во 2020 година. Се тешев со него – рече таа.

Бабата рече дека ја идентификувала нејзината внука по облеката.

– Не можев да го погледнам. Сестра ми ја отвори плаштеницата и ми кажа дека му е исечено грлото и дека му недостасува генитален орган – раскажала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот