Јутарњи лист: Помпео следната недела ќе пристигне во Хрватска

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела ќе пристигне во Хрватска, каде во Дубровник ќе се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлич Радман, пишува загрепски „Јутарњи лист”.

Точниот датум на пристигнување на Помпео сè уште се утврдува, бидејќи за следната недела е најавена седница на Советот на Европа.

Весникот пишува дека темите, покрај билатералните односи, ќе бидат поврзани со укинување на визите, избегнување на двојно оданочување, но и интересот на САД за дискутирање за воведување на мрежата 5Г, што беше клучна тема кога Помпео беше во Словенија.

Помпео неодамна, во рамки на европската турнеја, ги посети Полска, Чешка, Австрија и Словенија, со агенда да ги предупреди сојузниците на НАТО за „опасноста од растечкото влијание на Кина и Русија”, односно за неопходноста од отфрлање на „Хуавеј” како глобален технолошки лидер во развојот на мрежите од новата генерација, но исто така и потребата за диверзификација на снабдувањето со гас и нафта. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот