ЈСП: Направете замена на картичките за да се возите во автобус

ЈСП ги информира граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност,  дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот.

Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот.

Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката, појаснуваат од претпријатието.

Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка.

Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација, а секоја картичка има рок на важност 4 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот