Јовановски: Бројките од Пописот не може и не смее да ги толкува кој како ќе стигне

Зоран Јовановски,/ фото: Слободен печат

Резултатите од пописот ниту може, ниту смее да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е, вели универзитетскиот професор, актуелен потпретседател на Стопанската комора и поранешен потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски.

„Си постојат меѓународни правила и стандарди. Пописот не попишува државјани, туку попишува граѓани кои ВО МОМЕНТОТ НА ПОПИСОТ СЕ ВО ЗЕМЈАТА, односно она што се нарекува РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ. Тие што живеат во друга земја ги регистрира пописот на таа друга земја. И, тоа е тоа, нема никакви специфичности, нема врска со девизни дознаки, јасно е, инаку на две места ќе се попишат истите луѓе. Примената на резултатите од пописот за балансерот за вработување или некоја друга потреба, НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ, НЕ Е КОАЛИЦИСКО ПРАШАЊЕ, тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!“, напиша Јовановски на Фејсбук.

„Праксата, прашања кои значат владеење на правото да се третираат како прашања на политичко толкување и политички договор за да се извртат работите – МОРА ДА ПРЕСТАНЕ еднаш засекогаш!!!“, напиша Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот