Јовановска: Постои реална опасност Германија да ни „украде“ квалитетна работна сила

Директорката на Агенцијата за вработување, Бијлана Јовановска, на „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“ кажа дека агенцијата преку обуки ќе обезбеди преквалификација и доквалификација на кадрите, прилагодувајќи се на потребите на пазарот на труд.

– Педесет проценти од невработените лица се лица без образование и со основно образование и тоа се лица кои во минатото имале работни места на одредени работни позиции. Истите тие преку обуките и доквалификациите кои што ги правиме во 2019 и што ќе ги правивме во 2020-та, заедно со Организацијата на работодавачи и Стопанската комора ќе обезбедиме преквалификација и доквалификација како би ги прилагодиле на потребите на пазарот на труд, односно на работодавачите – Јовановска.

Додава и дека одливот на работна сила е реалност и дека постои опасност голем број од квалификуваните работници да завршат на пазарот на труд во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот