Јордан го блокираше патувањето на Нетанјаху во Емиратите

epa03836484 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu speaks during the weekly cabinet meeting in Jerusalem, Israel, 25 August 2013. EPA/DAN BALILTY / POOL

Јордан го блокираше планираното патување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) затоа што не дозволува израелски авион да влезе во јорданскиот воздушен простор, изјави дипломатски извор за израелските медиуми.

„Заминувањето на Нетанјаху во посета на Емиратите е одложено бидејќи нема дозвола за лет од Јорданците. Се проценува дека одложувањето се должи на откажувањето (вчера) на јорданскиот престолонаследник поради недоразбирања за безбедносни аранжмани”, додаде тој.

Јорданскиот престолонаследник Хусеин бин Абдулах планираше да ја посети џамијата Ал Акса.

Принцот пристигна на границата со повеќе вооружени чувари отколку што дозволи Израел, па затоа не им беше дозволен влез, а принцот Хусеин ја одложи посетата.

Абу Даби и натаму се подготвува за посетата на Нетанјаху, и покрај одложувањето, јавуваат израелските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот