Jирген Клинсман станува селектор на Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Славниот германски фудбалер и тренер, Јирген Клинсман е без ангажман од 2020 година кога се раздели Херта од Берлин, но наскоро тоа би можело да се промени.

Реномираниот „Кикер“ пренесува дека Клинсман е блиску до договор со Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја и наскоро би требало да стане селектор на оваа азиска репрезентација.

Клинсман веќе работеше како селектор на Германија и САД, а со германската репрезентација освои бронза на Светското првенство во 2006 година.

Германецот на клупата на Јужна Кореја ќе го наследи Португалецот, Паоло Бенто кој ги предводеше Корејците до осминафиналето на Мундијалот во Катар каде што беа елиминирани од Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот