Јелен најави нови американски санкции против Русија

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американското Министерство за финансии денеска ќе воведе нови санкции против руски поединци и компании, изјави министерката за финансии на САД, Џенет Јелен, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Јелен, во интервју за МСНБЦ, не наведе детали, но рече дека тоа ќе бидат значајни санкции кои се однесуваат на руски поединци, компании и финансиски институции.

На почетокот на месецот, САД воведоа санкции за 22 лица и субјекти од повеќе земји под обвинение дека го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс со избегнување на санкции.

Како што соопшти американското Министерство за финансии, новите казнени мерки се воведени како дел од напорите на САД да го казнат избегнувањето на санкциите низ светот и „да го ограничат профитот со кој Русија ја финансира војната“, објави Гласот на Америка.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот на осудените во САД и забрана на Американците да прават бизнис со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот