Јапонскиот „Меси“ потпиша за Барселона (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Јапонскиот „Меси“ потпиша за Барселона (ВИДЕО)

Со своите игри многу потсетува на најголемата ѕвезда на Камп Ноу, Лионел Меси, трансферот на Абе вреди 1.1 милион евра и со потпишан договор на пет години.

Абе (20) е една од најголемите јапонски фудбалски надежи и стана вториот по Такефуса Кубо (Реал Мадрид), кој ова лето премина во една од најголемите шпански екипи.

Во 2017 година го имаше дебито во сениорскиот фудбал, а минатата сезона триумфираше со трофејот од Азиската шампионска лига.

Минатиот месец фудбалерот го запиша и првиот натпревар за јапонскиот национален тим за време на учеството во „Копа Америка“.

Минатата кампања Абе ја освои наградата за најдобар дебитант во Џеј-лигата. Се верува дека, барем во почетокот, тој ќе игра во вториот тим на Барселона.

Абе во наредните пет години ќе биде дел од Барса во трансфер вреден 1.1 милион евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close