Јапонија преговара за учество на Зеленски на самитот на Г7 во мај

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Јапонија преку видео врска преговара за можноста украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на следниот самит на Г7 во мај, пишуваат јапонските медиуми.

Во текот на оваа година, Јапонија ќе претседава со мултилатералната платформа на Г7.

Самитот на Г7 на највисоко ниво ќе се одржи во Хирошима од 19 до 21 мај. Групата Г7 ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Во текот на изминатата година, лидерите на Г7 одржаа шест состаноци лично и онлајн поради ситуацијата во Украина. Јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон на 13 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот