Јапонија на Украина ќе ѝ испорача опрема за заштита од хемиско оружје

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јапонија ќе испрати во Украина гас-маски и соодветна облека за заштита од хемиско оружје, соопшти денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

Испораката е на барање на властите во Киев кои стравуваат дека Русија во своите воени активности во Украина би можела да употреби и хемиско оружје.

„Продолжуваме да даваме колку што е можно поголема помош за украинската Влада”, рече Киши додавајќи дека Јапонија дополнително ќе испрати и извидувачки беспилотни летала за потребите на украинската одбрана.

Јапонија претходно за Украина испрати заштитни елеци, шлемови и зимска облека.

Како дел од санкциите воведени кон Москва од денеска во Јапонија стапува на сила забраната за забраната за увоз на 38 производи од Русија, вклучително и вотка и производи од дрво.

Забраната се однесува само на еден процент од увозот од Русија, објави јапонската новинска агенција „Кјодо”.

Токио во моментов соработува со Западот на воведување построги санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот