Јанушев до пратениците од власта: Дел ќе бидете заборавени, дел ќе завршите по затвори

„Одлуката за новата в.д. влада нема да биде поврзана со желбите мотивите и барања на било кое партиско раководство. Одлуката била мотивирана за тоа дали и како ќе сме опстанеле како држава. Стани Таче, стани да те види цела сала и кажи дека одлуката за нова Влада е само од личните желби за останување на власт за да продолжите со крадење нема никаков друг мотив и да завршиме со циркусот. Единствените кочничари кон ЕУ интегративните процеси сте вие и никој друг. Затоа памет во глава и престанете со празното дробење слама за ЕУ бидејќи Европската Унија е вредности и мерит систем а не ова што вие го правите“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешното продолжение на собраниската седница на која се расправа за реконструкцијата на владата.

Јанушев додаде дека Европската унија не е политика не желби, туку таа е „политика на вредности и политика на мерит-систем“.

„Покрај евроскепцитизмот кој го создавате кај граѓаните во Република Македонија, кој патем е најголем во историјата на Македонија, граѓаните сакаат да го продолжат патот кон Европската Унија, но не со вас бидејќи граѓаните знаат дека тоа е невозможна мисија и затоа сакаат вистински промени. Потребно е еднаш и засекогаш да разберете дека во политиката не се влегува за да ве сакаат туку за да ве почитуваат. Работењето за народот и државата значат многу работи, посета на многу места, познавање со проблемите на многу луѓе, а некогаш има победи, а некогаш падови и тоа е нормално“, рече Јанушев.

Тој додаде дека „колегите од власта паѓаат и крајот им е блиску“, а тогаш „дел ќе останат запаметени како најнеспособните, дел како соработниците, а најголем дел заборавени“.

„Еден добар дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавството кое го правите“, им порача Јанушев на пратениците од власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот