Јанша испрати писмо до сите граѓани во кое ги повикува да се вакцинираат

Јанез Јанша
Јанез Јанша/ Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

 Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат.

„Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно во оваа битка со Ковид-19″, вели премиерот Јанша во писмото што граѓаните го добиле во поштенските сандачиња.

Словенечкиот премиер есента најави можност за воведување задолжителна вакцинација, што беше контрапродуктивно, а таквиот план го оспори и Уставниот суд, па сега посочува дека вакцинацијата е доброволна, но и општествено одговорна и многу посакувана одлука за сите.

Отворени се 62 центри за вакцинација кои ќе работат цел ден, а по еден центар во секој регион и ќе работи и ноќе.

Заинтересираните ќе можат да се вакцинираат и на станиците на ски-лифтовите, во ловџиски и противпожарни домови, планинарски куќи, трговски центри и кина.

Граѓаните ќе можат да ја изберат вакцината, соопшти словенечката Влада. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот